ММС

Објавено на: 10/14/21 3:31 PM

Со „Вистина“ Маријана Митрева зачекори на естрад ните води

Мирјана Митрева (18) е едно од оние „нови деца“ која и животот и едукацијата, а веројатно професијата и ја посветила на музиката. Младата кавадарчанка е ученичка во средното музичко училиште во Битола,  свири пијано и гитара и има настапувано на голем број државни и меѓународни натпревари по пеење, од каде се враќа со успеси и освоени награди.
Својот музички и вокален талент Мирјана го пресликува во нејзината прва песна „Вистина“ со која го прави првиот чекор на домашната сцена, зачекорувајќи во немирните естрадни води како соло пејачка.

Музиката и аранжманот на нејзината дебитантска песна се дело на гитаристот на „Браво бенд“ и професор по музика, Драган Илиев, додека стиховите ги напиша Борче Димитров. Миксот и мастерингот на песната ги направил Горан Гешовски
Темата „Вистина“ наскоро би требало да добие и свој видеозапис, а Мирјана има многу планови за во иднина. веќе е подготвена за снимање на нови песни и видеа, а можеби наскоро оваа млада кавадарчанка ќе ја видиме и на некој од домашните фестивалски сцени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1