ММС

Објавено на: 10/14/21 1:55 PM

(Видео) Зимска идила на Деве Баир

Снежната покривка која утринава се појави на неколку повисоки места во нашата земја, во некои делови од земјата предизвика и отежнат сообраќај каде што имаше и забрани за тешки товарни возила.

Снег има и на граничкиот премин Деве Баир – Крива Паланка – Бугарија каде читатели на ММС испратија фотографии и видеа од моменталната состојба таму.

– Снегот кој почна да вее од утрово, не престанува. На патот кон граничниот премин е вистинска зимска идила. Има навеано околу 10 сантиметри, а да не се допеше додека вее снежната покрива ќе беше многу поголема. Често го слушаме поимот дека снегот изненадиво декември, но овој пат навистина изненади во октомври. Застој нема засега бидејќи патот постојано се чисти, но ако продолжи да вее со овој интензитет не е ништо чудно да биде отежнато движењето, што и не е ништо ново за овој предел, велат наши читатели кои денеска го минуваа овој реон.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Според најавената временска прогноза денеска во нашата земја преовладува облачно и студено време со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат обилни (над 20 л/м2). На планините во западните и во североисточните делови (над околу 1000 м.н.в.) врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10 степени.

Врнежи за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м2): 20 Битола, 19 Крушево, 17 Тополчани, 14 Маврово, Претор, 13 Прилеп, 12 Пожаране, Демир Капија, П. Шапка, 9 Лазарополе, 8 Охрид, Скопје – З. Рид, Струмица, Гевгелија, Дојран 6 Тетово, 5 Берово, 4 К. Паланка, Штип, Виница, 2 Скопје – Петровец.

(Г.Д)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1