ММС

Објавено на: 10/14/21 9:44 AM

Македонија побеле пред време

Според најавите на Управата за хидро метеоролошки работи за денска беше најавен снег на повисоките места, и тоа навистина се случи. Повисоките градови и места во нашата земја го пречекаа првиот снег во есенката сезона.

Крушево

Иако не типично за месец октомври снег утринава имаше на Нижополе во Битола, Крушево, а исто така првиот снег падна и во Малешевијата.

Пелистер
Пелистер
Пелистер
Пелистер

 

Со првиот снег се појавија и првите потешкотии во сообраќајот. Паднато дрво беше утринава забележано на патниот правец кон Ѓавато.

Vo meguvreme snegot stvarno ne’ iznenadi…A nie sakame iznenaduvanja🤗

Posted by Tanja Taskovska on Thursday, October 14, 2021

 

Ѓавато

Снежна покрива има и на граничниот премин од Крива Паланка кон Бугарија – Деве Баир.

ГП Деве Баир

 

Актуелното предупредување на УХМР вели дека поради спуштање на студена воздушна маса од север во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни (над 20 л/м2) проследени со засилен северен ветер. На планините на северозапад врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка од 10 до 15 см. Врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места. Потоа во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локална појава на краткотраен дожд, а дневните температури ќе бидат во пораст.

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1