ММС

Објавено на: 10/14/21 9:27 AM

(Видео) Севернокорејскиот војник стана хит на социјалните мрежи

Севернокорејскиот војник облечен во тесен и светкав син костим, кој личеше на трико стана хит на социјалните мрежи, а многумина го споредија неговиот стајлинг со костимот на суперхеројот Капетан Америка.

Toj се најде помеѓу 30 војници кои се фотографираа со водачот Ким Јонг Ун за време на воената парада и демонстрацијата на системите за оружје во Пјонгјанг.

Повеќето војници носеа маслинесто зелени воени униформи. Само двајца носеа други бои – едната во темносина униформа, а другата во сина вселенска облека.

Не им требаше многу време на корисниците на социјалните мрежи да почнат да прават паралели и шеги за неговиот стајлинг.

За некои, тој изгледаше како „човечки куршум“ од забавните паркови.

За другите како севернокорејски еквивалент на Капетан Америка, многумина го нарекуваа Капетан на ДНРК.

Севернокорејските државни медиуми не го идентификуваа човекот, но експертите велат дека тој најверојатно е падобранец.

Преземено од: https://www.espreso.co.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1