ММС

Објавено на: 10/14/21 9:03 AM

(Видео) Турчинката Румеса Гаиџи е највисоката жена во светот, со 215,16 сантиметри

Гинисовата книга на рекорди објави вест дека една жена од Турција, по име Румеса Гаиџи, која има 24 години, е највисоката жена на светот. Таа е висока 215,16 сантиметри. Претходниот рекордер беше девојка од Кина висока 233 сантиметри, која почина оваа година.

Румеса влезе во Гинисовата книга на рекорди во 2014 година, бидејќи тогаш беше највисоката тинејџерка во светот. Поради последиците од болеста што предизвикува забрзан раст, Румеса поголемиот дел од животот го поминала во инвалидска количка.

Нејзиниот совет до луѓето е да се сеќаваат секој ден дека секој недостаток може да се претвори во предност: „Треба да се прифатите себеси онакви какви што сте, да бидете свесни за вашиот потенцијал и да дадете се од себе“.

Главниот уредник на Гинисовата книга на рекорди, Крег Глендај, истакна дека Турција има удел, бидејќи таму се наоѓаат и највисоката жена и највисокиот маж од таа земја.

Tallest Living Woman – Guinness World Records

“Being different is not that bad. It can make you achieve things you never imagined before.” Meet the world’s tallest living woman, Rumeysa Gelgi from Turkey.

Posted by Guinness World Records on Wednesday, October 13, 2021

Султан Косен е највисокиот човек на светот.

Последен пат двајцата највисоки мажи беа од иста земја во 2009 година, кога Кинезите Дефен и Бао Кси Шун ги држеа рекордите за највисока жена и највисок маж.

Преземено од: https://www.rts.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1