ММС

Објавено на: 10/13/21 9:16 PM

Тој помага финансиски, но на Лили и треба татко – Холивудскиот актер не сака да ја запознае тригодишната ќерка

Актерот Овен Вилсон беше обвинет од поранешната девојка дека никогаш не сакал да ја запознае нивната тригодишна ќерка.

Според „Дејли Мејл“, актерот никогаш не остварил никаков контакт со својата ќерка, додека има нормална врска со синовите Роберт и Фин, кои ги добил со две различни жени.

„За жал, тој никогаш не ја запозна“, потврдила поранешната девојка на актерот Варуни Вонгсвиратс за овој весник, додека таа претходно посочила дека го молела да го стори тоа, но тој одбил.

“Помага финансиски, но никогаш не се работеше само за тоа. На Лили и треба татко. Иронично е како тој ги игра улогите на грижливи татковци во филмовите, а тој никогаш не ја запозна својата ќерка”, заклучи Варуни.

Да потсетиме, Варуни и Овен Вилсон беа во врска пет години, а актерот беше подложен на тест за татковство во 2018 година, што потврди дека тој е биолошки татко на малата Лајла.

Извр: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1