ММС

Објавено на: 10/13/21 3:23 PM

Прележаните па вакцинирани се со најдобар имунитет: Д-р Марија Здравковиќ за заштитата од корона

Вакцинацијата е императив што се однесува до организацијата на здравствените служби и преживувањето, така што за мене е несфатливо некој да даде совет дека не е потребна вакцина, од која било причина. Сите луѓе кои лежат со болниците, а се невакцинирани, зажалиле сите до еден затоа што не се вакцинирале. Ова го изјави д-р Марија Здравковиќ  според која, постојат исклучителни ситуации кога пациентот не смее да прима вакцина, на пример ако е во акутна состојба на малигна болест.

„Тука не смеете да дадете вакцина. Затоа ние секогаш имаме преглед при кој се одредува дали пациентот ќе добие вакцина“, вели докторката. Според неа, никој не би требало сам да ги толкува информациите за вакцинацијата кои ги чул „на поминување“.

„Она што е важно за вакцината е дека оние кои се вакцинирани имаат значително појак имунитет од оние кои не се “, вели докторката во изјава за ТВ Прва. Таа напоменува дека и понатаму има млади луѓе со тешка клиничка слика,

„Имаме луѓе кои не добиле вакцина и кои и понатаму имаат тешка клиничка слика, тоа се млади луѓе за кои се бориме и кои не знаеме од која причина, дали од страв, останале невакцинирани“, заклучува д-р Здравковиќ.

Таа советува дека е важно да се вакцинираат и оние кои го прележале вирусот. Прашана кога е најдобро овие граѓани да се вакцинираат, таа вели дека тоа не треба да биде порано од еден месец по прележувањето, но не и подоцна од три месеци.

Здравковиќ смета дека во тој случај не треба да се проверуваат антителата, бидјеќи вели дека и луѓе со докажано високо ниво на антитела сепак се заразиле.

„Тие оделе на ризични места со голем број луѓе и со сите тие високи антитела го добиле вирусот“, објаснува докторката.

Таа посочува дека една доза вакцина создава појак имунитет од прележувањето на вирусот:

„Научно е докажано дека една доза вакцина создава 11 пати појак имунитет од прележа корона“.

„Мерење антител никако. Тоа ништо не значи. Тој наод кој го имате е документ кој можеби вам нешто ви значи, но вакцината е таа која ќе ве заштити. Секако тоа зависи од вашиот општ имунитет, кој е различен кај секој човек“, вели докторката.

Д-р Здравковиќ напоменува дека вакцинацијата по прележаната инфекција е многу важна најдона три месеци по оздравувањето, бидејќи тогаш организмот е повторно подложен да добие ковид и поради тоа, важно е пациентот да се вакцинира.

„Најдобар имунитет имаат оние кои ја прележале короната, а потоа се вакцинирале“, заклучува докторката.

 

Извор: espreso.co.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1