ММС

Објавено на: 10/13/21 3:15 PM

(Видео) Во живо: Капетан Кирк ќе полета во вселената на 90-годишна возраст

Ѕвездата на „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шатнер (90) ќе стане најстариот астронаут во историјата.

Шатнер, Пауерс и уште двајца членови на екипажот ќе полетаат од зафрлениот дел на западен Тексас помалку од три месеци по првиот лет во вселената на Блу Ориџин со екипаж. Екипажот ќе ужива во четири минути во безтежинска состојба во текот на 11-минутниот суборбитален лет.

Блу Ориџин пред три дена го  одложи патувањето во вселената на Вилијам Шатнер (90), па „капетан Кирк“ мораше малку да причека на своето заминување во вселената, објави Си-Ен-Ен.

Патувањето беше е откажано поради силен ветар, а 90-годишниот актер и миленик на холивудската публика, денес ќе се вивне во вселената со што ќе станеше најстариот човек кој некогаш патувал во вселената.

Тој управуваше со вселениот број УСС Ентерпрајс на интегалактичката одисеја во „Ѕвездени патеки“, а наскоро ќе тргне во сопствена одисеја, пишува Си-Ен-Ен.

– Работите за кои глумев сега ќе ги видам од прва рака. Одушевен сум, загрижен сум, помалку нервозен и помалку исплашен поради новата авантура – рече тој.

Извор и фото: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1