ММС

Објавено на: 10/13/21 2:44 PM

Филмот „Сестри” е македонскиот кандидат за Оскар за најдобар интернационален филм

Филмот „Сестри” во режија на Дина Дума е национален кандидат на Република Северна Македонија за наградата „Оскар за најдобар долгометражен интернационален филм” за 2022 година.

За ова денеска информираше Друштвото на филмските работници на Македонија од каде преку писмено соопштение посочија дека одлуката е донесена од страна на Комисијата за избор на македонски кандидат за оваа награда, составена од Дејан Димески – кинематографери претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ-Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитори, Дритон Вејсели – актер, а прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука.

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот:„Исчезнатиот” во режија на Арбен Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскаритеќе се одржи во недела, 27март 2022 година, во Лос Анџелес


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1