ММС

Објавено на: 10/13/21 2:10 PM

Бразилка голтнала 76 пакетчиња кокаин, полицајците 10 дена ја чекале да се олесни, конечно денес дочекале – Драма во Загреб

Пред десет дена, Бразилка која пренесувала дрога била фатена на аеродромот „Фрањо Туѓман“. Станува збор за т.н. мули, кои пренесуваат дрога, а во случајов  27-годишна жена од Бразил, која ја проголтала дрогата, повеќе од 76 капсули исполнети со кокаин. Во неделата, 3 октомври, царинските службеници на аеродромот во Загреб се посомневале дека пренесува дрога, па затоа ја привеле. Таа пристигнала во Загреб од Сао Паоло преку Лисабон.

Полицајците и цариниците требаше само да почекаат откако на рендген снимката се покажале куп пакетчиња со дрога во телото на Бразилката. Затоа, за да го заштитат нејзиното здравје и живот, веднаш била хоспитализирана во Универзитетскиот болнички центар Загреб.

Единствено што им преостанало на полицајците и цариниците е да чекаат таа да изврши нужда и да ги отстрани доказите. И чекале со денови. Дури денеска Бразилката конечно ги исфрли сите 76 пакетчиња дрога. Речиси килограм кокаин излегло од неа во сите 76 пакетчиња.

Вкупната количина дрога пронајдена во телото на Бразилката е околу 990 грама.

Извор и фото: index.hr/24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1