ММС

Објавено на: 10/13/21 12:28 PM

(Видео) Врие во српскиот дел на Косово: Едно лице е тешко рането во акција на полицијата во Звечан и Митровица

Едно машко лице е тешко рането во Звечан на северот од Косово и е во животна опасност, а лекарите во моментов го оперираат, потврди за Н1, д-р Златан Елек, директор на болницата во Косовска Митровица.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ рече дека е ранет 36-годишниот Среќко Софронијевиќ, како и дека во текот на претпладнето на северот од Косово биле повредени десетици Срби.

– Јас се слушав со директорот на болницата кој ми кажа дека пациентот бил ранет во пределот на градниот кош и дека ќе се обидат да му го извадат куршумот кој е заглавен во белодробното крило. Ова е резултат на дивеењето на Албин Курти и предизвикување на хаос во Косово и Метохија – истакна Петковиќ.

Утринава се слушнаа сирени за опасност во северниот дел на Косовска Митровица, а косовската полиција соопшти дека се работи за „спречување на криумчарење стока“.
Граѓаните излегоа на улиците откако специјалните припадници на полицијата за економски криминал затворија повеќе продавници.

– Упаѓаат во магацини, продавници, аптеките на работат, прават акција на своја рака без консултација со полицијата во северниот дел на Митровица – јави РТС повикувајќи се на сведочења од граѓани.

Во еден момент полицијата употребила солзавец и шок бомби за да ги растера насобраните граѓани. Во демонстрациите и судирите со полицијата повредени се неколку лица, нападнати се и новинарите на порталот КоССев, а причинета е и материјална штета.

Премиерот на Косово,  Албин Курти на Фејсбук се огласи и рече дека се работи за полициска акција на која и претходела интензивна истрага.

– Криминалните групи нема да бидат толерирани и против нив ќе се води борба. Ќе се бориме против шверцерите. Денешнара полициска акција е завршена. Ги повикувам граѓаните во северната општина Митровица да не наседнуваат на некои медиуми во Србија кои ги штитат криминалот, корупцијата и шверцот – рече Курти.

Извор: rs.n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1