ММС

Објавено на: 10/13/21 11:26 AM

Наскоро: Во „кафана“ исклучиво со две дози вакцина

На следниот состанок на Централниот штаб во Владата кој треба да се одржи идниот понеделник, ќе се дискутира за нова, дополнителна мерка – најави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, се работи за рестрикција со која во угостителски објекти и во други затворени простори ќе може да се влегува исклучиво во две дози вакцина, наместо со една.

„Веројатно ќе оставиме една или две недели дополнителни за да почне да важи препораката во сите затворени места, согласно сегашните мерки на Комисијата, наместо една да биде потребен сертификат со две дози на примени вакцини“, кусо посочи Филипче.

Ваквата мерка тој ја најави уште минатиот месец, посочувајќи дека рестрикциите за влез во угостителски објекти придонеле за зголемен опфат со вакцинација.

 

(В. Ми)

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1