ММС

Објавено на: 10/13/21 11:09 AM

Новогодишниот огномет во Лондон втора година по ред е откажан поради Ковид 19

Познатиот лондонски новогодишен огномет e откажан втора година по ред поради „неизвесноста предизвикана од пандемијата ковид-19“.

Англија беше под строго заклучување минатата година, но иако беа укинати сите ограничувања, градоначалникот на Лондон Садик Кан повторно го откажа настанот.

Во нормални околности, околу 100.000 луѓе се собраа за време на новогодишната ноќ на насипот Викторија.

Во Лондон, сепак ќе има новогодишна прослава на плоштадот Трафалгар, иако програмата сe уште не е позната.

Преземено од: https://www.espreso.co.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1