ММС

Објавено на: 10/13/21 10:15 AM

Поранешниот Супермен: И Робин и новиот Капетан Америка се геј, нема тука ништо ново

Поранешниот актер на Супермен, Дин Каин ја окарактеризира одлуката на копанијата DC Comic како  „парада“ легендарниот суперхерој  во новото издание на стрипот да биде бисексуалец.

Каин (55), кој четири години го глумеше суперхеројот во хит ТВ серијата „Lois & Clark< The New Adventures of Superman“, ја критикуваше DC дека го прикажал потегот како „смела нова насока“ и ја повика компанијата да ги фокусира своите напори за „борба против вистинското зло во светот“.

Актерот истакна дека Супермен е најновиот во долгата низа суперхеројски ликови кои добија заговор за ЛГБТК + заплет – што доаѓа само два месеци откако DC Comics објави дека асистентот на Бетмен, Робин, исто така, ќе започне да излегува со мажи.

„Тие рекоа дека тоа е нова смела насока … Јас велам дека тоа е веќе видено … Робин неодамна, исто така, беше претставен како би или геј и искрено, кој е навистина шокиран од тоа?  – Размислував за тоа долго време “, изјавил Каин.

Тој додаде дека новиот Капетан Америка е геј, како и неговата ќерка во „Супер девојка“.

„Мислам дека тоа не е смело или некаква луда нова насока. Ако го правеа тоа пред 20 години, можеби ќе беше храбро или ако се бореа за правата на хомосексуалците во Иран, каде што ќе ве исфрлат од зградата за навреда затоа што си хомосексуалец “, рече Каин.

Преземено од: https://www.b92.net/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1