ММС

Објавено на: 10/13/21 7:45 AM

Гробарите се преморени, за погреб се чека и по пет дена – Никогаш повеќе прогреби во Србија

Не само болниците, короната немилосрдно ги полни и гробиштата. Лошата болест ги погодува и старите и младите секој ден, во последните неколку дена не помалку од 50 луѓе во Србија подлегнаа на неа. А постојат и други причини за смрт.

Гробарите од повеќето градови во Србија велат – никогаш не сме имале толку погреби. Дури, објаснуваат,  и во претходните бранови на епидемијата. Овој, велат тие, е најсмртоносен и го оправдуваат со бројки, пишува blic.rs

Во септември, 1.417 мртви беа погребани на десет гробишта во Белград. Зголемувањето на смртноста го покажува фактот дека истиот месец минатата година и претходната година починале 1.017 лица, односно 936 смртни случаи. Од почетокот на октомври, во просек дневно се одржуваат 60 погреби во Белград. Ако продолжи вака, ќе имаме дури 1.800 погреби овој месец!

– Бројот на достапни термини за погреб, имајќи ја предвид моменталната состојба на пандемија, зависи од тоа за кои гробишта станува збор. Терминот за погреб на гробишта под јурисдикција на ЈКП „Погребне услуге“ Белград се чека од два до пет дена, во зависност од гробиштата. Најмногу погреби има на поголемите, отворени гробишта под јурисдикција на нашата компанија, како што се Нова Бежанија, Орловача и Лешќе. Од неделата, 3 октомври, поради зголемениот број погреби и кремирања, погребувањето беше воведено во неделите на некои од поголемите гробишта, – велат во ЈКП „Погребно узуле“ во Белград.

Иста е состојбата и со другите градови ширум Србија. Велагт преморени се и возачите, и вработеноте во капелите и  гробарите.

Извор: blic.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1