ММС

Објавено на: 10/12/21 9:16 PM

Кралицата Елизабета за прв пат со бастун

Додека присуствувала на служба во Вестминстерската опатија, кралицата Елизабета Втора за прв пат користела стап за одење.

По излегувањето од лимузината, пред Вестминстерската опатија, во која се одбележувала стогодишнината од основањето на хуманитарната организација Кралската британска легија, на нејзиното височество му беше подаден бастун што го користела за да влезе во зградата.

Кралицата носеше долг, темносин капут и капа, црни ракавици и чевли. Се разбира, и нејзината препознатлива чанта.

Медиумите наведуваат дека таа се движела нормално, но дека користела пократка патека низ влезот во дворот наместо вообичаениот влез на големата западна врата.

Деведесет и петгодишната кралица беше видена со бастун и додека заминуваше.

 

Извор: Ртс.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1