ММС

Објавено на: 10/12/21 3:52 PM

Починаа шест лица, најмладиот на 27 години, 130 нови случаи со Ковид-19

Министерството за здравство соопшти дека направени 1.843 тестирања, регистрирани се 130 нови случаи на Ковид-19. Во изминатите 24 часа починале шест лица од кои најмладиот на 27 години.
Нови случаи се регистрирани во Скопје – 88, Кавдарци – 10, Велес – седум, Прилеп – шест, Охрид и Крива Паланка – по четири, Куманово и Битола – по три, Гостивар и Кичево – по два, Демир Хисар – еден случај.

Оздравеле 423 пациенти, од кои во Скопје – 246, Куманово – 65, Струмица – 18, Штип – 11, Прилеп и Охрид – по девет, Тетово – седум, Кавадарци и Кратово – по шест, Велес, Крива Паланка, Кочани и Валандово – по пет, Битола, Струга и Гевгелија – по четири, Свети Николе и Пробиштип – по три, Виница – два, Гостивар, Неготино, Ресен, Делчево, Демир Хисар и Демир Капија – по еден.

Од починатите, две лица се од Куманово на 63 и 68 години и по едно од Скопје (77 години), Тетово (85 години), Крива Паланка (27 години) и Струмица (80 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1