ММС

Објавено на: 10/12/21 3:28 PM

Децата од „Дајте музика“ ќе нѐ претставуваат на Детска евровизија 2021

Децата од серијалот „Дајте музика“ ќе не’ претставуваат на Детска евровизија во декември. Оваа година Евровизијата за деца ќе се одржи во Париз, а како што информираа од МРТ, песната со која ќе се претстави нашата држава ќе биде избрана и промовирана во претстојните месеци.

-На неа ќе работат композитори кои веќе соработуваат во проектот и добро ги познаваат вокалните и артистичните капацитети на децата од шоуто – информираа од МРТ.

Информацијата беше потврдена и на Инстаграм профилот на „Дајте музика“.

-Драги наши обожаватели, чест ни е да ви соопштиме дека оваа година во декември во Париз, ќе ја претставуваме Македонија на Junior Eurovision. Држете ни палци – се наведува во објавата.

Ланската година Детската евровизија се одржа во Варшава, Полска каде победи Валентина Тронел со „J’imagine“.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1