ММС

Објавено на: 10/12/21 3:30 PM

Извршен екстраперитонеален царски рез на ГАК, информираше Филипче

За првпат во поново време во нашата држава, на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје во петокот беше извршен екстраперитонеален царски рез, информираше министерот за здравство Венко Фулиопче.
– Екстраперитонеалниот царски рез е специфична техника на царски рез која е однапред позната пред 70 години и во поново време првпат е реафирмирана во Франција. Ваков вид на породување со царски рез освен во Франција се изведува во Брисел – Белгија, во Загреб – Хрватска, но и во Тунис во Северна Африка. На ГАК-Скопје на 8 октомври овој вид на царски рез беше изведен врз 23-годишна пациентка, која претходно имала три големи хируршки адоменални операции заради повреди на внатрешни органи. Техниката ја примени д-р Игор Самарџиски, кој неодамна се врати од едукативен престој – активен курс во болница во Ница, Франција каде учествуваше во изведување на екстраперитонеални царски резови, информираше Филипче и додаде:
„ Денеска на одделот пурпериум при ГАК ја посетив родилката и нејзиното новороденче кои се во добра состојба и им посакав многу здравје и брз опоравок“, рече министерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1