ММС

Објавено на: 10/12/21 2:19 PM

Генерализација за пречекот на Заев со зурли и тапани, пристрасност на новинарот за победата на локалните избори

Рецензираме текст со наслов (ВИДЕО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО Е ЗАЕВ ПРЕЧЕКАН ВО СЕЛАТА И ГРАДОВИТЕ – СО ЗУРЛИ И ТАПАНИ, НЕМА ПОТРЕБА ОД АНКЕТИ ЗА ДА ВИДИМЕ КОЈ ЌЕ ПОБЕДИ НА ОВИЕ ИЗБОРИ, полн со навивачки тон од авторот, кој во повеќе наврати го прекршува Кодексот на новинари и генерализира. На читателот не му дава можност за добивање на објективни информации за изборите и изборната кампања, со што го прекршил Прирачникот за етичко известување од избори.

Всушност, новинарот сакал да ја пренесе атмосферата при посетата на  лидерот на СДСМ, Зоран Заев во село Јеловјане каде одржа средби со граѓаните. При тоа, музичари го пречекале премерот кои тој ги наградува со пари.

Во реченицата:

Заев е пречекан во селата и градовите“ се прави генерализација, а всушност се однесува на само еден настан, а тоа е село Јеловјане, кое е претставено како „градови и села“.

Во овој дел новинарот ја има прекршено првата точка од Кодексот на новинари, кој е заснован врз принципи и етички вредности, со што го наведува читателот да мисли дека каде и да се појави Заев, пречекот е со зурли и тапани.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно

Во вториот дел од насловот новинарот сам донесува заклучок врз основа на објавеното видео:

Нема потреба од анкети за да видиме кој ќе победи на овие избори“.

Во овој случај заклучокот е навивачки и пристрасен и има прекршување на уште еден принцип од Кодексот на новинари.

Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти, што во овој случај не е како според Кодексот.

Подолу во текстот, кој е составен од две ипол реченици, новинарот не дава никакво друго објаснување на насловот, туку го повторува она што го напишал како наслов:

Погледнете го приемот на премиерот Зоран Заев кој му го приредуваат во селата и градовите, го пречекуваат со зурки и тапани уште пред да влезе во општините и селата“.

Повторно со истата генерализација на „градови и села“, а всушност е една поединечна ситуација од еден настан.

Во основа на медиумите во време на изборите е да информираат, набљудуваат и да бидат гласот на граѓаните и да поттикнуваат дебата и дискусија, вака стои во Прирачникот за етичко известување од избори.

Информативната улога на медиумите подразбира дека тие урамнотежено и коректно ќе известуваат за кампањата на сите политички партии, со што би им помогнале на граѓаните да одлучат како ќе гласаат.

Исто така во Прирачникот за етичко известување од изборите, стои и дека За време на изборна кампања, медиумите имаат и улога, да вршат анализа на самиот изборен процес од критички аспект, да оценуваат дали процесот е фер и ефикасен и да прават споредби со претходни изборни кампањи“.

Прирачникот за етичко известување предвидува, за медиумите ја остварат клучната улога, треба да бидат ослободени од какви било можни влијанија, притисоци и интереси од различни центри на моќ.

Таквите интереси би можеле да бидат поврзани со сопственост на медиумот, владина и партиска контрола, регулаторни ограничувања, финансирање на медиумите кое може да влијае на независноста или објективноста, итн. Од исклучително знаење е медиумите во својата работа да бидат етички и професионални и да му служат на јавниот интерес“.

Новинарот во насловот и текстот прекршува повеќе членови од Кодексот на новинари, меѓу кои и членот 14, и насоката 14.3 од Насоките за етичко известување во онлајн медиумите, во кои се вели:

Член 14 Известувањето од политичките процеси, посебно од изборите треба да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти. Насоки за примена на членот 14 од Кодексот:
14.3.Доколку онлајн медиумите објавуваат резултати од истражување на јавното мислење, тоа треба да го прават на објективен и коректен начин, преку објавување на сите неопходни информации, што ќе ѝ овозможат на јавноста да добие објективна слика за прогнозираните резултати од изборите: големината односно репрезентативноста на примерокот, маргината на грешка, периодот на спроведување и нарачателот на анкетата“.

 

 

This project was funded through a U.S. Embassy grant. The opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.

                                                                                         

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1