ММС

Објавено на: 10/12/21 1:58 PM

„Ме претресуваа меѓу две комбиња, додека затворениците се исмејуваа од прозорците“ – Камчев и адвокатскиот тим реагираат на неговиот спровод до ЈО

На денешното рочиште за случајот ,,Плацевите на Водно’’ одбраната на Орце Камчев реагираше до Судијата кој е надлежен за случајот, барајќи од него да се вклучи во постапката за последното нарачано изживување врз Камчев, кое од страна на овластените лица, се случило на 5ти октомври додека го спроведувале од затворот Шутка до Јавното Обвинителство за организиран криминал.

,,Во текот на спроводот спротивно на начинот и методологијата на спроведувањето на лица лишени од слобода на понижувачки и деградирачки начин г-динот Јордан Камчев е спроведен од затворот Шутка  до просториите на Јавното Обвинителство за организиран криминал. Притоа, ваквото однесување на овластените лица кои постапувале по вашата наредба е надвор од Законот за полиција и не е во соодветност со правилникот за постапување на лица лишени од слобода рече неговиот адвокат Тони Менкиноски, кој е дел од одбраната на Камчев и додаде дека тој бил легнат на земја, јавно претресуван, лисиците му беа толку многу врзани на задниот дел на телото што немал крв во рацете, спротивно на Правилникот за постапување на лица лишени од слобода.

Камчев додал дека бил претресуван легнат на земја, во надворешниот дел на затворот :

,,Бев претресуван надвор од зградата, меѓу двете комбиња и се исмејуваа затвореници надвор, од прозорите, значи не во внатрешен дел, туку на трева. И прв пат ми беа лисиците позади грб врзани и стегнати и не можев да седам во комбето бидејќи клупата беше само 20-30 сантиметри и цело време се седеше на земја. Беше едноставно изживување . Толку сакам да кажам. Тоа се констатираше отпосле и со повредите на рацете и го пријавив  настанот во Обвинителството‘’, изјавил Камчев.

Одбраната поради ова ќе поднесе кривични пријави за лицата кои го вршеле спроводот, ќе поднесе жалба до Народниот правобранител на РСМ и ќе ја дополни апликацијата која е веќе испратена до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1