ММС

Објавено на: 10/12/21 1:02 PM

Мекици во скопската Зоолошка Градина – Се роди бебе џуџест мармозет

Скопската Зоолошка градина се збогати со уштен нов член од фамилијата Мармозет. На официјалната фејсбук страница на Зоолошката градина соопштија за убавата информација, при што напишаа во Зоо Скопје за прв пат се роди бебе џуџест мармозет.

„Џуџестите мармазети се најмалите мајмунчиња на светот и тежат најмногу до 100 грама. Може да замислите колку е мало бебенцето- минијатура еднаква на детско прсте. Да ни е живо и здраво“, стои во објавата на Фејсбук.


Од таму додаваат дека на фотографиите малиот мармозет е со неговиот татко и му прави фризура.

Фотографија: Фејсбук Зоолошка Градина – Скопје


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1