ММС

Објавено на: 10/13/21 7:15 PM

Лесно поминав, а можеше да биде потешко – Добрила Чабриќ по доживеаната сообраќајна несреќа се движи со помагало

Познатата пејачка Добрила Чабриќ од Дојран, која на 90 години стана победник во регионалното шоу „Никогаш не е доцна“,  се чувствува добро и успешно се опоравува по доживеаната сообраќајка пред еден месец. Чабриќ во телефонски разговор ни рече дека е се подобро и подобро, се движи со помош на помагало, а веќе излегува и надвор.

– Лесно поминав, а можеше да биде потешко – ни раскажа пејачката, која вели дека несреќата се случила во моментот кога на десттина метри од нејзиното возило во спротивната насока се нашол камион, кој морала да го избегне бидејќи возило доаѓало и од спротивната лента, па затоа завртела и влетала во дупка покрај патот.

Чабриќ се здобила со пукнатина на потколеното и повреди на пршленот, и од ударот чувствувала болки по целото тело.

– Јас сум храбра, не се давам, читам книги, се трудам и се сама да правам, да не ги заморувам блиските што се грижат за мене – со ведар глас ни одговори Чабриќ, која сега е на домашна него во Скопје, а по опоравувањето се надева дека повторно ќе може и да вози.

Ни откри и дека веќе и ѕвонат за идни ангажмани, но засега таа пишува книга за својот живот, бидејќи како што самата вели „станав многу популарна и имам подршка и љубов од целиот свет“.

( Р.Ш.)

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1