ММС

Објавено на: 10/12/21 11:30 AM

Да бидеме живи и здрави, но Албанец претседател ќе има кога сите ќе гласаат за него, рече Заев за амбицијата на ДУИ

На денешната прес конференција премиерот беше запрашан и за коалициониот партнер ДУИ, односно дека Ахмети во кампања  изјавил дека следно што ќе го реализира е Албанец да биде претседател на државата и дали има некаков договор околу тоа. На ова премиерот рече:

-За една вакава димензија на политика за Албанец претседател навистина ќе го чекам моментот кога сите граѓани ќе бидат подготвени да изберат претседател, кој не е Македонец. Ова е наша заедничка земја, татковци и дедовци ни се родени тука и иднината ќе ни биде заедничка. Да потенцирам дека претседател се бира на избори каде гласаат граѓаните, не се договара политички или партиски, не го бира Парламент или Влада.  Да бидам жив и здрав, а и сите ние, да го дочекам тој момент, тоа ќе значи афирмација на личност, на граѓанин и како граѓанин без разлика на својата етничка припадност да помине кај граѓаните,  сите ќе го гласаат. Ова е добра амбиција за да се алудира кон македонското гласачко тело или неалбанското гласачко тело. За ваква амбиција на ДУИ треба и мнозинство гласање од неалбанското гласачко тело, рече премиерот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1