ММС

Објавено на: 10/12/21 11:26 AM

Снаа истепала свекрва во Тетово со тврд и остар предмет и оштетила дел од покуќнината

Тетовската полиција вчера лишила од слобода 21 годишна жена поради напад врз 57 годишната свекрва. Настанот се случил вчера околу 12:30 часот во заедничкиот семеен дом во едно тетовско село.

– Вчера (11 октомври) во 15 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово ја лишиле од слобода 21-годишната С.Д. од тетовско село, која дента околу 12 часот и 30 минути во семејниот дом физички ја нападнала 57-годишната свекрва. Според пријавеното, таа во нападот употребила тврд и остар предмет, а оштетила и дел од покуќнината, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Приведената С.Д. е задржана во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, по што против неа ќе следува соодветен поднесок.

 

МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1