ММС

Објавено на: 10/12/21 10:55 AM

(Видео) Музика за душа – Агни Авшар ја објави првата песна „Сознавам“

Македонската музичка сцена има неопходна потреба од нови имиња кои ќе ја освежат, но и ќе понудат малку поинаков звук од сето она што досега сме навикнати или пак, на некој начин, сме приморани да го слушаме. Една од нив е и младата вокална интерпретаторка Агни Авшар. Професионалните познавачи на музиката веќе го препознаваат исклучителниот квалитет на перформансот на Агни, а многумина за неа ќе кажат дека нејзиното време допрва доаѓа.

Таа на социјалните мрежи ја објави својата прва песна „Сознавам“,  на која како автор на музиката и аранжманот се потпишува Никола Мицевски, а текстот го потпишуваат Бети Јанковиќ и Рената Кралевска.

Таа вели дека компромис нема да прави кога станува збор за квалитетот. Впрочем, за создавањето на оваа приказна беше потребно повеќе од една година.

– „Сознавам“ е песна со автобиографски карактер која преку симболичен артистички израз илустрира животна приказна на млад човек кој попатно застранува, но со решителност и стремеж зачекорува во правец на духовно осознавање. Ова музичко дело, од идеја до реализација, е креативен плод на мојата духовна учителка Бети Јанковиќ. Бескрајно сум благодарна на честа да бидам вокален интерпретатор на оваа композиција и се надевам дека истата ќе ги инспирира слушателите и ќе иницира чувства на ентузијазам, оптимизам и верба во себе – вели Агни.

Агни со својот тим снимија видеоспот на неколку локации во Македонија на кој како режисер се потпишува познатиот Дарио Јанковиќ. Покрај фасцинантните кадри во него, специфичната костимографија, во видеото се појавува и еден од најпознатите светски диџеи  диџеј Таламаска.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1