ММС

Објавено на: 10/12/21 10:03 AM

Кои се најчестите причини за развод? Брачен советник открива како да ги надминете кризите во бракот

Разводите и „пукањето“ на долгите емотивни врски се сѐ почеста појава, а експертите за брак тврдат дека главните причини за тоа се недостигот на трпение и неможноста за меѓусебно поврзување.

„Многу парови би можеле да ги искористат своите фрустрирани емоционални потреби и да се мотивираат за побрзо меѓусебно поврзување. Потребно е само енергијата која се троши на фрустрации да се пренасочи за продлабочување на партнерската врска и физичката интима, но и подобрување на комуникациските вештини“ – вели Давид Акива, советник и брачен педагог.

Тој наведува кои се трите најчести причини за развод:

Сопружниците се повеќе пријатели отколку љубовници

Според него, ова е многу важен показател дека и понатаму сте заљубени.

„Паровите кои се долго заедно честопати ја наведуваат оваа причина како тајна за среќна врска“, вели Акива.

Повеќето луѓе сметаат дека заљубеноста мора секогаш да биде страстна како на почетокот на врската, но тоа е всушност само романтична фаза.

„По првите неколку месеци до една година, сосема е нормално оваа фаза да исчезне и да почне фазата на пријателство“, додава Акива.

Малку или воопшто интимност

Според неговото мислење, ако сакате да ги вратите интимните односи во бракот, прво мора да ја вратите љубовта која исчезнала, а за тоа е важно да сте најдобри пријатели во здрав брак.

„Истражувањата покажуваат дека емоционалната интимност е клучот за жените да бидат исполнети. Истражувачите кои стојат зад студииите откриваат дека љубовта ја прави интимата попријатна за жените, па оние кои ги сакале своите партнери изјавиле дека немаат никаков проблем во интимните односи“, посочува Акива. Тој советува дека прво важно е да се „поправи“ емотивната врска за да може интимниот живот на партнерите да стане поквалитетен.

Недостиг на здрава комуникација

Постојат луѓе кои во бракот генерално се расправаат, а кога кулминираат конфликтите доаѓа до развод.

„Кога ќе научите правилно да се изразувате и ќе ги прифатите меѓусебните емоционални потреби, кавдите и другите негативни однесувања во врската ќе исчезнат“, вели Акива.

 

Извор:    telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1