ММС

Објавено на: 10/12/21 9:33 AM

Ужасна вест: Почина Јулија Портјанко, бивша ракометарка на Кометал и на Македонија

Ужасна вест ја потресе македонската спортска јавност. Од засега за јавноста непознати причини, утрово на 38-годишна возраст починала поранешната ракометарка на Кометал Ѓ. Петров, Јулија Портјанко, објави порталот g-sport.mk.

Јулија Портјанко, подоцна Јулија Николиќ во Скопје дојде од Украина и стана член на екипата Еуростандард. Веднаш се издвои со војата борбеност, бескомпромисност и квалитет и веднаш беше преселена во првиот тим. Доби македонско државјанство и до последните денови од кариерата играше и за националниот тим на Македонија, последно во 2012 година.

Потоа играше и во Франција каде што беше прогласена за најдобар странски играч, а по враќањето во Македонија настапуваше и за екипата на ЖРК Вардар.

извор: g-sport.mk

фото: zrkvardar.mk

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1