ММС

Објавено на: 10/12/21 9:14 AM

Почнува тестирањето на нов лек за ковид-19

Во Јужна Африка почна ново меѓународно испитување за проценка дали високи дози од антипаразитскиот лек нитазоксанид би можеле да помогнат во лечењето на пациенти со ковид-19.

Истражувачите од Универзитетот “Liverpool School of Tropical Medicine” почнаа со испитување во рамките на револуционерната платформа за тестирање лекови на ковид-19, под името AGILE. За сузбивање на ковид пандемијата постои итна потреба од тераписки интервенции за да може да се дополнат глобалните програми за вакцинација. Пренамената на постоечките лекови е клучна стратегија, бидејќи подразбира помалку време и трошоци отколку развој на нови. Според ова, во земјите со ниски и средни приходи бргу би можеле да станат достапни одредени тераписки режими.

Нитазоксанид, клинички одобрен антипаразитски лек, претходно покажа антивирусна активност со широк спектар против коронавирусот, а истржувачите од Универзитетот во Ливерпул го идентификуваа како „ветувачки кандидат“ за широка употреба во поголеми дози.

Тимот кој работеше на фармакокинтетичкото моделирање и претклиничката валидација покажаа дека дозите нитазоксанид може да се примеат кај луѓе, но во дози поголеми од оние кои во моментот се одобрени за лекување на паразитски инфекции.

На учесниците во истражувањето ќе им биде давана доза од по 1500 мг нитазоксанид два пати дневно вкупно седум дена и ќе се следи нивната состојба, за да се потврди дека дозата тестирана на здрави луѓе и понатаму е сигурна и добро би можела да биде поднесена од страна на пациентите со благи симптоми на ковид-19. Исто така ќе се следи и нивото на вируси присутни во нивните тела, а ако се’ укажува на корист за пациентите, ќе се почне со втората фаза на испитувањето во Јужна Африка.

 

Фото: Илустрација / Towfiqu barbhuiya – Unsplash

Извор:  b92.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1