ММС

Објавено на: 10/12/21 7:50 AM

Најмалку 15 загинати, 20.000 куќи уништени, во поплавите во северниот дел на Кина

Најмалку 15 лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати, во големите поплави кои ја зафатија кинеската провинција Шанси.

Како што објави кинеската државна телевизија, повеќе од 1,7 милиони луѓе се погодени од невремето, а околу 120.000 се евакуирани на безбедно.

Речиси 20.000 куќи се уништени, а околу 18.000 имаат посериозни штети.

Причинетата штета од поплавите се проценува на пет милијарди јуани (околу 775 милиони долари).

МИА
Фотографија: GETTY IMAGES/https://www.bbc.com/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1