ММС

Објавено на: 10/12/21 7:02 AM

Се асфалтира улицата „Лука Геров“ во Ѓорче Петров

Реконструкцијата на улицата Лука Геров во населбата Даме Груев – општина Ѓорче Петров е во завршна фаза.

Екипи на Град Скопје го почна асфалтирањето на улицата, на потегот од надвозникот до воениот отпад, со вкупна должина од 1648 метри.
Станува збор за исклучително важна улица која претставува главна сообраќајна артерија на скопската населба Даме Груев, но истовремено е дел од единствениот пат до населбите Ново Село, Кисела Јабука, Никиштане, Волково и Кучково.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1