ММС

Објавено на: 10/11/21 8:00 PM

Италија е од денеска во „белата зона“, се врати нормалниот живот од пред пандемијата

Италијанската влада донесе одлука поради големиот број вакцинирани граѓани да ја врати државата во состојбата пред пандемијата иако таквата одлука не ја поддржа кризниот штаб.

Ниската стапка на заразени, носењето маски, зелената ковид-пропусница и големиот број имунизирани државјани на Италија доведоа до тоа владата на оваа земја да донесе одлука за речиси комплетно враќање кон нормалниот живот отварајќи ги театрите, кино-салите и музеите со 100% од капацитетот.

Сите места на кои се собира голем број луѓе ќе бидат во целост отворени за сите граѓани кои имаат зелена ковид-пропусница и на тие места нема да важи мерката за задолжителна дистанца.

 

Извор: B92.net

 

Фото:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1