ММС

Објавено на: 10/11/21 7:00 PM

Вакцините се ефикасни 90% кај луѓето постари од 50 години, вели нова француска студија

Вакцинацијата против ковид-19 го намалува ризикот од хоспитализација за 90% кај луѓето постари од 50 години и се чини дека е ефикасна и против варијантата делта на коронавирусот, покажуваат резултатите на новата француска студија.

„Тоа значи дека вакцинираните луѓе имаат девет пати помал ризик од хоспитализација или умирање од ковид-19 отколку невакцинираните луѓе“, рекол епидемиологот Махмд Зуреик кој е на чело на научната група Епи-фар која ги здружува француската Агенција за лекови (АНСМ) и здравственото осигурување Цнам.

Истражувачите ги споредиле податоците од 11 милиони вакцинирани луѓе постари од 50 години со податоците на 11 милиони невакцинирани луѓе во истата група од 27 декември 2020 до 20 јули 2021 година.

Од 14-от ден после втората доза вакцина е забележано намалување на ризикот од хоспитализацијата за повеќе од 90%, се наведува во студијата која ги анализира вакцините на Фајзер и Бионтек, Модерна и Астразенека кои се употребуват во Франција.

Се покажа дека и намалувањето на ризикот од смртен исход е исто 90% како и кај хоспитализациите.

Извор: B92.net

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1