ММС

Објавено на: 10/11/21 6:30 PM

Загубил седум милиони фунти на коцка, сопругата му го блокирала мобилниот – Бившиот фудбалер на Англија, Пол Мерсон се бори со нов порок 

Бившиот англиски фудбалер и играч на Арсенал, Пол Мерсон (53) ги загубил сите пари кои ги заработил во кариерата и во интервју за „Сан“ признал дека тоа било последица на неговата зависност од коцкање.

Ситуацијата кулминирала за време на пандемијата во 2020 година кога во текот на седењето во карантин ја искоцкал цела заштеда која неговото семејство ја чувало за купување куќа.

„Помислив дека сакам да се убијам. Како тоа го сторив? Како можев да се обложувам со заштедата? Следните седум дена седев на креветот и ги гледав децата. Се мразев себеси, размислував за тоа дека ги изневерив“, кажа Мерсон.

Некогаш врвниот фудбалер сега е во милост и немилост на сопруга која му го блокирала мобилниот телефон за да не може да се коцка онлајн и му доделила минимална сума за гориво и основни потреби.

„Бев зависен од алкохол и кокаин, но далеку најдеструктивен порок е коцкањето“,  рече тој.

Мерсон сега живее во изнајмен стан со својата трета сопруга Кејт и нивните три мали деца, а вкупно има осум потомци.

Тој со Арсенал освои две титули, ФА Куп, Лига куп и Куп на европски купови, додека во дресот на Англија има настап на Светското и на Европското првенство.

Извор: B92.net

фото: Marca.com

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1