ММС

Објавено на: 10/11/21 4:30 PM

Ние не сме роботи, а УЕФА и ФИФА мислат само на својот џеб – Белгискиот голман Тибо Куртоа против зголемиот број мечеви

Белгискиот голман Тибо Куртоа, по поразот од Италија (1:2) во натпреварот за 3. место во Лигата на нации, зборуваше за притисокот врз играчите поради густиот распоред на натпревари.

– Следната година ќе имаме Светско првенство во ноември, а потоа ќе продолжиме да играме за клубовите до јуни. Епа ќе има повреди. Никој не размислува за фудбалерите. Во јуни ќе бидат додадени уште четири натпревари од Лигата на нации, по што ќе следува двонеделен одмор. Но, ова не е доволно за играчите да можат да настапат на највисоко ниво 12 месеци. Ако не зборуваме, сè ќе остане исто. Тие (ФИФА и УЕФА) се противат на Суперлигата, но тие го прават истото. Додаваат натпревари, нови турнири, Конференциска лига или како и да се вика. Секогаш е исто. Можеби им се лути на тимовите кои сакаат да одат во Суперлигата, но не им е грижа за играчите, туку само за нивните џебови. Сега почнаа да зборуваат за одржување на Светските и Европските првенства секоја година. Кога ќе одмориме? Никогаш. На крајот, играчите ќе бидат повредени. Ние не сме роботи. Имаме се повеќе натпревари, а сè помалку време за одмор, но никој не се грижи за ова, потенцира Куртоа.

На згуснатиот натпреварувачки календар, во последно време реагираат голем број фудбалери и тренери на врвни екипи од најсилните европски првенства.

МИА

фото: AS.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1