ММС

Објавено на: 10/11/21 12:40 PM

(Видео) „Да си посетите после психијатар, рече Заев испровоциран од активисти на Левица во Прилеп

Голем скандал се случи за време на одбележувањето на големиот празник 11 октомври – Денот на народното востание во Прилеп. Државниот врв положуваше цвеќе на меморијалниот комплекс „Могилата на непобедените“, но мораше да ги заобиколува активистите на Левица кои беа во герила – акција и стоеја мирно пред местото каде што требаше да се положи цвеќе.

11 активисти облечени во маици со обележје на политичката партија Левица го попречија патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња, додека обезбедувањето воопшто не ги тргна од местото. Скандалот се случи во моментот кога премиерот Зоран Заев положуваше цвеќе заедно со министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вицепремиерот Фатмир Битиќи и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

„Зоки немаш лице да се појавиш овде, освен по странските држави. Славете си празник во Бугарија. Ова не е ваша територија“, зборуваше еден од активистите додека Заев се поклонуваше пред споменикот.

Во еден момент, премиерот одговори на провокацијата на активистот и му рече:

„Да си посетите после психијатар“, му рече Заев на активностот по што овој му предложи да одат заедно на преглед. Обезбедувањето на шефот на владата остана смирено и не дозволи да поголем инцидент, па страстите се смирија веднаш по заминувањето на делегацијата.

Ова се случуваше пред да се одржат обраќањата на претседателот Пендаровскии, на Круме Соколоски од прилепскиот Сојуз на борци и на градоначалникот Илија Јованоски.

Во криптата на Могилата на непобедените се моштите на 462-јца прилепски борци од вкупно 650-те што ги дал Прилеп.

Скандалот се случи во петтата минута од видеото.

 

извор и видео: Влада на РСМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1