ММС

Објавено на: 10/11/21 11:50 AM

Бројот на починати од ковид ќе падне оваа зима, вели Ентони Фаучи, водечкиот имунолог во САД

Водечкиот американски имунолог Ентони Фаучи предвидува дека бројот на починати од ковид-19 ќе почне да се намалува оваа зима после бројот на зголемени случаи во САД по појавата на силниот делта сој.

Во интервју за американската водителка Грета ван Сустерен кое ќе биде објавено денеска, шефот на медицинскиот советодавен тим на Белата куќа, прашан дали оваа зима ќе има нов силен бран на пандемијата, одговори:

– За среќа во моментов, поточно во претходните четири недели, видовме пад во бројките на заболени и хоспитализации. Меѓутоа бројот на починати е висок, но кривата почнува да се израмнува – изјави Фаучи.

Тој додаде дека не верува дека ќе има сериозен пад на смртните случаи како што е падот кај бројот на хоспитализации.

– Тоа зависи од многу околности, како што е студеното време кога луѓето се затворени и од тоа што прават во текот на зимата – рече Фаучи, а пренесе “Њујорк пост“.

Тој апелира Американците да носат маски на местата каде што е гужва дури и ако се вакцинирани и се наоѓаат на отворено.

Американските Центри за контрола и превенција на болести соопштија дека бројот на смртни случаи паднал од просечните 1.767 дневно на 15 септември, на 1.418 случаи на 7 октомври. Неодамна САД ја премина границат од 700.000 починати од ковид-19.

 

Извор: Blic.rs

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1