ММС

Објавено на: 10/11/21 11:30 AM

Ужас во Русија: Бројот на мртви од труење со алкохол порасна на 34!

Бројот на умрени од масовно труење со алкохол во Русиј денеска пораснал на 34, додека 24 лица се уште се лечат во болница, соопштија локалните власти.

Полицијата во регионот Оренбург покрена кривични пријави откако луѓето минатата недела почнаа да умираат од труење со алкохол. За неколку дена се уапсени десет лица под сомнение дека илегално произведувале и продавале алкохол, пренесе агенцијата Тас.

Во саботата полицијата запленила 2.000 шишиња алкохол и потоа соопштила дека во нив е пронајден метанол кој е отровен.

Извор: Srbijadanas.rs

Фото: news.sky.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1