ММС

Објавено на: 10/11/21 10:38 AM

Ако има ценовен шок ќе ги замрзнеме цените, нема да има злоупотреба од маркетите, вети Бектеши

Имаме повеќе механизми во случај на ценовните шокови кои се најавуваат, посочи министерот за Економија Крешник Бектеши при посетата на Тетово. Еден од нив е да се пуштат дел од државните стокови резерви, но и можат да се донесат и некои одлуку за замрзнување на одредени цени, како во однос на увоз на суровини и репроматеријали, така и во делот на тоа што се произведува и продава тука.

-Кога зборуваме за замрзнување на цени, зборуваме и за цени на тие производи од домашно производство, но и на тие увезени, а кај маркетите имаме рамка законска, да не можат да се злоупотребат  и да продаваат производи поскапи, од тоа што државата го утврдила согласно законот и нормално ќе има контрола. И за време на пандемијата и претходно ние први донесовме такви одлуки за основните производи, а во моментов разговараме со стопанските комори за овој проблем. Но, имаме и други мерки поврзани со најавениот ценовен шок, кои на пример се поврзани со плаќање на давачки на царина или интервенции во буџетот, со ослободување од различни такси и слично. Ги следиме случувањата и на увозните цени и на тие прозводи што тука се произведуваат, ако е потребно ќе интервенираме, рече  Бектеши

Тој  се пофали дека со зголемувањето на минималната плата, ќе се ублажи економската состојба погодена од пандемијата, оти тоа ќе придонесе да се зголемат и сите други плати, а со тоа и рамнотежа со поскапените цени на основните продукти.

(З.Д.)

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1