ММС

Објавено на: 10/12/21 8:30 AM

За работниците нема пари, а газдите лани се обиделе да прикријат даноци за речиси 19 милиони евра и не исплатиле и бруто плати вредни 137 милиони евра

Газдите лани се обиделе да прикријат речиси 19 милиони евра во даноци- покажува годишниот извештај на Управата за јавни приходи. Даночниците во кризната 2020 година извршиле 2.745 контроли на даноци и други јавни давачки, што е многу помалку од претходно, но неправилности утврдиле во речиси половината од нив или во 1.307 контроли. Инспекторите неправилност откриле во секоја втора фирма што ја контролирале или во процент тоа се 46.61 насто од контролираните компании.Или тоа е зголемување за 11,02 проценти во однос на претходната година на бројот на контроли со утврдени неправилности.

Она што е уште пострашно од извештајот на Управата за јавни приходи е дека на крајот на минатата година било утврдено дека компаниите не исплатиле плати по 188.438 пресметки или бруто плати  во вредност од 137, 5 милиони евра.

„Во однос на состојбата на 31.12.2019 година кога долгот изнесува 7,611,034,474 денари, долгот е зголемен во апсолутен износ за 845,249,117 денари (13.743 888 евра) или за 11,11%“- покажува годишниот извештај на УЈП. На ова влијаела ковид- кризата, забраната за присилна наплата за време на вонредната состојба како и законските измени во овој дел.

„Врз тенденциите кај износот на даночниот долг во 2020 година влијаеше и новото деловно опкружување и сите промени во однесувањето на даночните обврзници предизвикани од целокупната здравствена криза и новонастанатите услови во економијата, како и посебната организација на работата во УЈП, особено во делот на теренската работа, измените на законските прописи со воведување на нови рокови за плаќање на даночните обврски, намалена каматна стапка за задоцнето плаќање на даночен долг, ослободување од плаќање на месечни аконтации за ДД и ДЛД и сите други промени предизвикани од и поврзани со здравствената криза со ковид вирусот.“-стои во извештајот на УЈП.

Податоите покажуваат дека Управниот суд решил и доставил одлуки до УЈП за 729 тужби кои му биле доставени во предходни периоди и во текот на 2020 година. Од вкупно 729 решени тужби од страна на Управниот суд по решенија на УЈП, во 349 решенија од нив бил утврден соодветен данок и друг јавен приход, во вкупен износ од 10.977 052 евра.  Останатите 380 утужени решенија, компаниите ги утужиле поради индиции за прекршувања на остапки кој ги водела Управата за јавни приходи.

Лани на компаниите им биле изречени вкупно 5,144 прекршочни санкции-глоби во вкупен износ од 4.365 191евра. Биле платени 168 глоби од 57.355 евра, а 76 вредни 30.537 евра се платени во постапка на присилна наплата. УЈП лани поднела и 12 кривични пријави од кои 11 се за даночно затајување. Осомничени се вкупно 12 одговорни правни лица и 13 одговорни физички лица. Во поднесените 11 кривични пријави за даночно затајување, постои основано сомнение дека се затаени 253.324 евра.

(А.С.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1