ММС

Објавено на: 10/11/21 9:33 AM

Храбрите борци на НОБ ни ја дале државата како дом за сите, истакна Заев во честитката по повод 11 октомври

Празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато. Денеска се сеќаваме и им се поклонуваме на сите оние кои никогаш не се запрашаа за цената на слободата, правдата и социјалната еднаквост. Нека ни е честит и вековит 11 Октомври – Денот на народното востание, истакна премиерот Зоран Заев, во честитката по повод државниот празник.

Тој нагласи дека нашите борци од народно-ослободителната војна и сите претходни генерации, што ги вградиле своите дела и животи во слободата, ни ја дале државата како дом за сите, како дом на слободата.

-Поради храбрите борци на НОБ, сега стоиме тука горди, со кренати глави чувајќи го аманетот на нашите државотворци. Аманет поради кој денес, сите ние – Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и сите други, имаме патриотска должност секогаш да бидеме обединети во негувањето на нашето праведно општество. Општество на еднакви можности, општество на правда, одговорност и еднаквост – Едно општество за сите!, истакна Заев.

Тој додаде дека празнувањето на големите датуми, оддавањето чест на сите наши претходници вградени во државноста и во слободата е само еден дел од нашата должност кон нашето достојно минато.

-Да ни биде вековита Република Северна Македонија! Да живее слободата, наведе тој во честитката.

МИА

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1