ММС

Објавено на: 10/10/21 9:45 PM

„Сакам убав живот, не влегувам во политика“ – Џорџ Клуни (60) ги живее зрелите години

Американскиот актер Џорџ Клуни изјави дека не размислува за политичка кариера, бидејќи сака „да има убав живот“. Во интервју за Би -Би -Си, актерот зборуваше за американскиот претседател Џо Бајден, за неговиот претходник Доналд Трамп и за преостанатите амбиции во кариерата. Сепак, тој ја отфрли можноста да влезе во политиката.

На прашањето дали некогаш ќе се вклучи во политиката, Клуни (60) одговори:

„Не, бидејќи навистина би сакал да имам убав живот. Оваа година наполнив 60 години и разговарав со сопругата и ние работевме многу, како што и се уште работиме, и реков дека треба да ги сметаме за мирни години“, додаде тој.

Рече дека има 60 години и се уште може да игра кошарка и да ги прави работите што ги сака.

„Но, за 20 години ќе имам 80, и тоа е значајна бројка. Без разлика колку вежбате, што јадете, сепак, имаш 80 години и затоа реков дека мора да се погрижиме да уживаме и да ги живееме годините на најдобар можен начин “, истакна тој.

Клуни рече дека ќе се обиде да го намали обемот на работа.

„Наместо три работи годишно, ќе работам една“, рече тој.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1