ММС

Објавено на: 10/10/21 8:46 PM

Македонија подготвена за дуелот против Германија, сите 16.000 влезници продадени

Македонската фудбалска репрезентација вечерва на Националната арена Тодор Проески го одржа последниот тренинг пред дуелот со Германија во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство.

Натпреварот се утре со почеток од 20 часот и 45 минути, а сите 16.000 влезници се распродадени.

Инаку четирикратниот светски и трикратниот европски првак Германија пристигна во Скопје.

Селекцијата на Ханси Флик се смести во хотелот „Хилтон“ во населбата Аеродром, каде досега беа сместени македонските репрезентативци. Но, Германците го резервирале хотелот за ова гостување уште пред почетокот на Европското првенство.

Нојер, Милер, Кимих, Сане, Ројс, Гнабри, Горецка, Вернер…се само дел од ѕвездите со кои располага селекторот Ханси Флик, кој најавува дека „маншафт“ ќе атакува на триумф на утрешниот меч против Македонија на арената „Тодор Проески“.

фото-ффм.мк

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1