ММС

Објавено на: 10/10/21 9:15 PM

Превкусен колач од сливи, заследете се за вечера

Ве фаќа желба за благо? Еве ви колач што с еправи брзо. За мерка користете шоља од два децелитри.

Потребно е: 3 јајца, чаша шеќер, чаша масло, чаша јогурт, чаша гриз, чаша брашно,  прашок за пециво.

За филот ви е потребно околу 800 грама сливи и три лажици шеќер.
Посипете го колачот со околу 100 гр (или повеќе) презла, шеќер по вкус, малку масло
Подготовка: Изматете ги сите состојки за тестото, истурете половина во мала тава и печете на 200 степени десет минути. Потоа ставете го филот што се добива кога сливите накратко се пржат со шеќер (додадете го целиот сок што ќе го испуштат). Покријте со остатокот од тестото и печете уште дваесет минути. Одозгора посипете го со презла и малку масло, шеќер и трошки, претходн о пропржени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1