ММС

Објавено на: 10/10/21 7:50 PM

СЗО: Инфекцијата уби 4,8 милиони луѓе- Човештвото мина околу 60 отсто од патот на борбата против коронавирусот,

Човештвото мина околу 60 отсто од патот на борбата против коронавирусот, но неочекувани пречки се уште може да се појават, вели Сума Сваминатан, главен истражувач во Светската здравствена организација, во интервју за швајцарскиот весник „Зонтагс Блик“.

„ Се надевам дека наскоро ќе поминеме 60 отсто од патот. Но, можеби ќе треба да се искачиме на друга неочекувана планина,“ вели претставничката на Организацијата.

Таа нагласи дека е премногу рано да се зборува за претстојно завршување на „маратонот“ во борбата против пандемијата, бидејќи се уште не е познато какви други пречки може да се појават.

Претставничката на СЗО повика на зголемување на стапката на вакцинација за да се заштити населението од инфекција и да се спречат понатамошни мутации.

Според организацијата, повеќе од 236 милиони луѓе биле заразени од почетокот на пандемијата во светот, а инфекцијата уби 4,8 милиони луѓе. Најтешката ситуација во моментов, според СЗО, е во САД, Индија и Бразил.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1