ММС

Објавено на: 10/10/21 2:11 PM

Нови 316 случаи со Ковид-19, десет починати, најмладиот на 32 години од Куманово

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.486 тестирања, а регистрирани се 316 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 140, Куманово – 38, Велес и Штип – по 19, Кавадарци – 16, Прилеп и Охрид – по 12, Струмица – 11, Битола – 8, Пробиштип – 6, Тетово и Свети Николе – по 5, Неготино и Крива Паланка – по 4, Струга и Кратово – по 3, Кичево, Кочани и Гевгелија – по 2, Радовиш, Виница, Крушево, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа починале 10 лица од кои три од Куманово (32г, 72г и 77г), по две од Охрид (59г и 64г) и Свети Николе (66г и 68г) и по едно починато лице од Крива Паланка (88г), Берово (74г) и Скопје (69г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 240 оздравени пациенти .
Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, пријавени се уште четири починати лица, со датум на смрт од 13.09.2021 до 17.09.2021 година. Регистрирани се две лица од Гостивар и по едно лице од Куманово, и Ресен на возраст од 46 до 68 години. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Направени се 3.486 тестови преку: ИЈЗ-357, ЦЈЗ Скопје-29, ЦЈЗ Битола-52, ЦЈЗ Прилеп-53, ЦЈЗ Тетово–39, ЦЈЗ Куманово-51, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–291, Жан Митрев (Филип Втори)-64, Авицена-117, Биотек-134, Систина-41, лабораторија Лаор-185, Синлаб-14, Ремедика-3, Плодност–59, Генеа-16, Никоб лаб-400, ВФВ Медикал-35, Ели Медика-47, Ројал Медика –25, Спектра-ММ-1, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.473.
Досега во земјата се направени вкупно 1.323.365 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 194.891 бројката на оздравени пациенти е 181.031, на починати е 6.831, а бројот на активни случаи изнесува 7.029.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1