ММС

Објавено на: 10/10/21 12:54 PM

На анкетата на институтот АКСИОС води ВМРО-ДПМНЕ, на анкетата на СТРАТУМ РиД, СДСМ

Во последното истражување направено од институтот АКСИОС, се забележува зголемување на рејтингот на коалицијата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ од 1 отсто наспроти СДСМ и нивната коалиција. Исто така, на анкетата извршена на територија на град Скопје зголемена е предноста за 0,9 отсто на независната кандидатка, Данела Арсовска, пред својот против кандидат Петре Шилегов од СДСМ и коалицијата.

Според анкетата за Арсовска би гласале 18, 9 отсто од анкетираните гласачи, а за Шилегов 13,2 отсто. Трет е Перо Георгиевски од левица со 5,4 отсто, четврти Арбен Шаќири од ДОМ и ЛДП со 4,8 отсто, а петта е независната кандидатка Ана Петровска за која би гласале 4,3 отсто од гласачите.

Институтот АКСИОС во периодот од 02.10 до 06.10.2021 година спроведе анализа на јавното мислење на стратифициран примерок во секоја општина и Град Скопје.

За истражувањето на рејтингот на политичките партии поврзано со локалните избори е спроведено на примерок од 1345 испитаници на територија на цела земја.

Статистичкта грешка на анкетата е околу 2 отсто.

Со резултати од анкета излезе и Агенцијата СТРАТУМ РиД.

На прашањето „Сега да претпоставиме дека утре се одржуваат локални избори. Ве молам кажете ми за која советничка листа би гласле на локалните избори?“, 20,1% од анкетираните се определиле за СДСМ, 18,3% за ВМРО-ДПМНЕ, а на третото место е ДУИ со 9%. Од испитаниците 14,3% одговориле дека нема да гласаат, покажува истражување на Агенцијата СТРАТУМ РиД спроведено последната недела од септември и првата недела од октомври, во кое е вклучена континуирано и секција за расположението на граѓаните како и рејтинг на Институции и политички партии.

Кога би се пресметале гласовите само на граѓаните кои ќе излезат да го дадат својот глас на претстојните локални избори, тогаш СДСМ е во предност со 26,1% поддршка од избирачите, потоа ВМРО-ДПМНЕ со 23,8% и на третата позиција е ДУИ со 11,64%.

Истражувањето, како што соопштија од агецијата, се спроведува со директни интервјуа во домаќинствата на испитаниците односно три етапен стратификуван случаен примерок со големина од 1200 домаќинства. Грешката на примерок изнесува +/- 3.4%.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1