ММС

Објавено на: 10/9/21 7:25 PM

Девет лица починаа во последните 24 часа, нови 344 случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 4.962 тестирања, а регистрирани се 344 нови случаи на Ковид-19, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број позитивни случаи, во Скопје има 134, Велес – 33, Куманово – 27, Штип – 19, Струмица – 15, Битола – 13, Прилеп и Кочани – по 12, Охрид – 9, Кавадарци – 7, Тетово, Крива Паланка и Кратово – по 6, Македонска Каменица – 5, Радовиш, Виница и Крушево – по 4, Гостивар, Струга и Гевгелија – по 3, Кичево, Пробиштип и Богданци – по 2, Неготино, Свети Николе, Берово и Демир Хисар – по 1.

Регистрирани сe 339 оздравени пациенти од: Скопје – 168, Куманово – 28, Велес – 19, Кавадарци – 18, Кочани – 15, Кичево – 14, Штип и Прилеп – по 13, Струмица – 11, Битола – 6, Охрид и Гевгелија – по 5, Берово и Неготино – по 3, Пехчево, Делчево, Гостивар и Струга – по 2 и Радовиш, Виница, Ресен, Кратово, Свети Николе, Македонска Каменица, Богданци, Македонски Брод, Демир Хисар и Тетово – по 1.

Дополнително, при проверка во системот се пронајдени оздравени 3.645 постари случаи кои се прикажани со денешните резултати (од месец август, случаи кои биле хоспитализирани и испишани без да не информираат болниците, странци и лица без матични лекари). Скопје – 1.583, Тетово – 652, Гостивар – 348, Куманово – 304, Кичево – 214, Прилеп – 84, Охрид – 76, Велес – 61, Битола – 48, Струга – 41, Дебар – 39, Струмица – 31, Ресен – 20, Македонски Брод, Делчево и Гевгелија – по 16, Штип – 13, Крушево и Радовиш – по 12, Кочани – 11, Кавадарци – 10, Неготино – 7, Македонска Каменица и Богданци – по 6, Свети Николе – 5, Демир Хисар и Виница – по 4, Пробиштип – 3, Берово – 2, Крива Паланка – 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале девет лица: шест починати лица од Скопје (41г, 57г, 68г, 79г, 80г и 85г), по едно починато лице од Кавадарци(87г), Охрид (80г) и Прилеп (86г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Дополнително, согласно Регистерот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се уште девет починати лица, со датум на смрт од 07.09.2021 до 04.10.2021 година. Регистрирани се пет лица од Скопје и по едно лице од Куманово, Тетово, Охрид и Штип на возраст од 40 до 94 години. Од пријавените лица, шест се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1