ММС

Објавено на: 10/9/21 6:54 PM

Исчистени одроните на патот Делчево-М.Каменица, внимателно возење поради опасност од нови одрони

Исчистени големите одрони на регионалниот пат Делчево – М.Каменица. Од „Македонија пат” информираат дека големите одрони на магистралата А3 пред раскрсницата за село Бигла, се исчистени пред половина час и сообраќајот се одвива непречено.

-Наши екипи се на терен за проверка и расчистување на останатиот дел од магистралата каде има поголеми одрони, истакнаа од претпријатието.

Поради обилниот дожд оттаму апелираат на внимателно возење на патот Делчево – М.Каменица – Кочани, бидејки опасноста од појавата од нови одрони долж споменатиот патен правец и понатаму постои.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1