ММС

Објавено на: 10/9/21 4:01 PM

Жена (78) нападната и ограбена во центарот на Скопје – со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 15.15 часот во СВР Скопје од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена М.С.(78) од Скопје, со тешки телесни повреди, информираат од МВР.

Полициски службеници излегле на местото, при што било констатирано дека М.С. со повредите се здобила откако едно лице на подрачјето на Центар физички ја нападнало и ѝ ја одзело чантата. Се работи на расчистување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1